Во Холандија пронајден уште еден мистериозен монолит

Пронајден е уште еден метален монолит – овојпат во природен холандски резерват, а споменикот бил опколен со мраз.

Структурите за кои сè уште нема објаснување, се најдоа на насловните страници ширум светот откако првиот монолит беше откриен во пустината Јута, од надлежни лица кои ја надгледувале популацијата на овци од хеликоптер.

Додека првиот ваков споменик беше отстранет од непознат сторител на 28 ноември, слични копии беа пронајдени на планинските врвови со Калифорнија и на ридиштата во Романија.

Но и тие монолити беа набрзо отстранети.

Романскиот монолит беше отстранет мистериозно и преку ноќ за само четири дена, додека калифорнискиот монолит беше урнат од бесна христијанска група која верувала во теории на заговор. Групата патувала пет часа за да го сруши монолитот и да го замени со крст, со што сакала да упати порака до „вселенските господари дека не се добредојдени“.

Но во последните неколку дена, мистеријата продолжи и неколку други монолити беа пронајдени од пешаци – еден на плажа и еден во природен холадски резерват.

Иако надлежните сè уште треба да го потврдат постоењето, медиумите во понеделникот известија и за златен монолит пронајден во Колумбија.

Холандските медиуми пренесуваат дека околу монолитот не биле пронајдени стапки кои водат до металниот објект, со што нејасно е како статуата стигнала до резерватот.

Се шпекулира дека структурата била поставена на локацијата подолго време, бидејќи околу нејзе имало формирано мраз.

„Станува збор за голема, сјајна метална структура. Испешачив до неа, но немаше баш што да се види. Изгледаше како да е „падната од небо“. Се чини дека потребни се 2 до 3 лица за да ја наместат“, изјавило лицето кое го пронашло холандскиот монолит.

Додека сè уште не може да се објасни кој е одговорен за монолитите, колективнот „Најпознатите уметници“ од Санта Фе се огласија како одговорни за двете статуи пронајдени во САД, а колективот продава и копии од монолитите за 45.000 илјади американски долари од парче.

Во меѓувреме, обожавателите на книжевниот серијал од Артур Кларк – „Спејс Одеси“ и обожавателите на филмската адаптација од Кјубрик, забележаа дека монолитите наликуваат на структурите опишани во делото.

Религиозниот филозоф и НЛО експерт, Тејд Смидс, беше цитиран велејќи дека најверојатно станува збор за маркетиншки трик или уметнички проект.

„Може да се претпостави првиот монолит доби копии од лица кои сакаат да бидат дел од успешната приказна на првата статуа. Или, зад оваа мистерија се крие некој со многу пари и наредната недела ќе чуеме дека е маркетинг за нов филм или нешто од МекДоналдс“, изјавил Смидс.

Извор: Independent