Во Белград се одржува Парада на гордоста под мотото „Љубовта го менува светот“

Низ улиците на главниот град на Србија денеска се оддржува Парада на гордоста. Покрај активисти и припадници на ЛГБТ заедницата, на парада учестува и градоначалникот на Белград, Синиша Мали.

Исто така, најавено е и присуство на други претставници на Белград и српската влада, меѓу кои и министерката за државна управа и локална самоуправа, Ана Брнабиќ, како и претставници на меѓународната заедница.

Настанот годинава е под мотото „Љубовта го менува светот“.

Парадата на гордоста трнува од Славија до плоштадот Република. Отворањето ќе го означи глумицата Мирјана Карановиќ , која во изминативе години се залага за почитување и унапредување на човековите права во Србија, промовирајќи демократски вредности, толеранција и прифаќање на различностите.

Најавен беше и едноминутен молк посветен на ЛГБТ заедницата во целиот свет.

Забележливо е и згомено присуство на полициски сили, а над центарот на градот кружат и хеликоптери. Горан Милетиќ, еден од организаторите на Парадата, непосредно пред почетокот изјави дека очекува годинава таа да помине без никакви инцидентии и проблеми.

Инаку, првата Парада на гордоста беше организирана во 2001 година, но бeше регистрирано насилство од хулигани. Од тогаш до денес организаторите ја откажуваа на три пати.