Во Бангладеш се отвори првото училиште за транс лица

Со векови транс лицата од Африка се соочуваат со исклучување од општеството, но училиштето се надева дека ќе го промени тоа – барем за дел од лицата.

Во потег за интегрирање на транс заедницата, Бангладеш го отвори првото училиште кое се фокусира исклучиво на транс лицата во главниот град Дака, каде ќе се изучуваат исламски вредности и јазични предмети.

Школото е приватно финансиран семинар кој е бесплатен за заедницата која најчесто е исклучена од општеството и заработува исклучиво од танцување во посебни прилики.

Одговорните од училиштето „Даватул ислам тритио лингер мадраса“, односно Третото родово исламско училиште, велат дека институцијата нема да има возрасна граница, па секој ќе може да се пријави и да учи.

„Дали некој е од трет пол или не, се идентификува во прилично зрела возраст. Затоа не поставуваме никакво ограничување на возраста. Секој може да биде примен тука веднаш штом ќе се идентификува трансродово лице, без разлика на која возраст е“, истакнал за „БиБиСи“ секретарот и образувачот Мохамад Азиз Хуссаини за „БиБиСи“.

Блангладеш ги идентификува транс лицата како трет род преку новиот амандман во 2018 година, со што тие добија право на гласање. Според владините податоци, државата има популација од околу 10,000 транс лица, иако бројката може да стигне и до 50.000 лица.

Сепак, заедницата која локално е наречена „хиџра“ се соочува со општествено исклучување со векови. Традиционалните работни места за заедницата се сведуваат на пеење и танцување на свадбени церемонии и родендени, но лицата се принудени и на проституција и питање.

Новиот ученик во училиштето, Шилпи, истакнал дека повеќето од лицата од транс заедницата се неписмени и немаат можност за вработување.

„Никој не сака да не вработи. Да имавме некаква едукација, ќе имавме и можности за подобри работни места. Овде нема образовен систем. Поради тоа, се’ уште се занимаваме со професиите оставени од нашите предци, односно танцување и пеење“, изјавил Шилпи.

Зборувајќи за доживеаните малтретирања, ученикот додал дека кога сфатил дека е транс лице, во училиштето наишол на омраза.

„Сите во училиштето ме мразеа, беа исплашени и ме критикуваа. Поради тоа не сакав повеќе да учам. ако постои посебен образовен систем за нас, никој нема да не малтретира. Ние сакаме да бидеме како другите луѓе, да одиме со крената глава. Сакаме да стоиме на нашиѕе нозе. Ако имам шанса, ќе се фокусирам на таа цел“, нагласил тој.

Извор: Independent