„Влакна“ е темата на „ПичПрич“ за 8 март

Традиционално за 8 март, ПичПрич во соработка со Tiiiit! Inc. организираат гала вечер на раскажување женски приказни во живо.

Настанот ќе се одржи во киното „Милениум“ од 20 часот, а овој пат темата е „Влакна“.

„Ќе слушнете приказни од четири локални и две меѓународни раскажувачки“, се вели во најавата за ПичПрич.

Организаторите потенцираат дека билетите се во продажба во кино „Милениум“ по цена од 100 денари.

Дел од средствата од билетите ќе бидат донирани во Првиот семеен центар – советувалиште за за превенција на семејно насилство. Настанот е поддржан од „The Kvinna till Kvinna Foundation“ и Амбасадата на Холандија.