Визуелниот креатор на Gorillaz ја најави својата прва уметничка изложба

Уметникот Jamie Hewlett, кој заедно со Damon Albarn го сочинува виртуелниот бендот Gorillaz, ја најави својата прва уметничка изложба. The Suggestionists’ ќе трае од 18 ноември до 2 декември во Saachi галеријата во Лондон.

На изложбата ќе бидат претставени нови дела на Hewlett, групирани во три етапи: „Тарот“, „Мед“ и „Борови“.

Принтовите се моментално достапни на Jamiehewlett.com.

Hewlett моментално живее и работи во Париз. Стана познат со Tank Girl, култен стрип кој беше адаптиран во филм во 1995 година. Во 1998 година го основаше виртуелниот бенд Gorillaz со Damon Albarn од Blur. Истоимениот деби албум од 2001 година беше продаден во повеќе од седум милиони копии и им донесе место во Гинисовата книга на светски рекорди како „Најуспешен виртуелен бенд“.

Аlbarn неодамна објави дека планира нов албум на Gorillaz.

„Започнувам со снимањето на нов албум во септември“, изјавил за австралиската телевизиска програма ABC 7.30. „Бев многу, многу зафатен и немав шанса. Би сакал да се вратам на рутината за седење дома и одење во студио пет дена во неделата“.

Извор: www.nme.com