Собранието на Република Македонија на 10. седница ги усвои измените на Кривичниот законик, со кој станува кривично дело препродавање на билети на спортски и други вид на манифестации, вклучувајќи и за претстојниот Супер куп на УЕФА на 8 август.
Законот беше предложен по скратена постапка од четири пратенички групи.
Измените и дополнувањата се заради усогласување со правилата за успешна организација на овој настан, а за да се спречи фалсификување и нелегална продажба на билетите, а поради тоа што досега не било законски утврдено.