Високата школа за новинарство ќе соработува со универзитет од Барселона

Високата школа потпиша договор за соработка со шпанскиот Автономен универзитет од Барселона, кој предвидува размена на студенти, образовен кадар и академско искуство. Овој универзитет, кој е рангиран меѓу првите 300 универзитети според Шангајската листа, е европскиот претставник и основач на Мрежата за медиумска и информациска писменост и интеркултурен дијалог на УНЕСКО и Обединетата алијанса на цивилизации.

Високата школа за новинарство ќе соработува со универзитет од Барселона

На овој начин, Високата школа ја проширува меѓународната соработка со универзитети и факултети од Европа. Универзитетот во Барселона е деветtата високообразовна институција на која студентите имаат можност да студираат еден семестар надвор од Македонија и да стекнат знаење, искуство и додаток на диплома. Високата школа досега има стратегиска соработка со Универзитетот Виндесхеим од Холандија, Данската школа за медиуми и новинарство, Универзитетот од Љубљана, Универзитетот Витаутас Магнус од Литванија, Универзитетот од Тирана, Факултетот ДОБА од Словенија, Колеџот за комуникации во Бања Лука и Универзитетот Западна Каролина од Америка.