Винил сесија со Indog и Мирко Попов утре во „Лабораториум“

Во новиот културен центар „Лабораториум“ утре (5 јануари) ќе има винил сесија со Indog и Мирко Попов со што ќе се одбележи почетокот на новата година и петтата сезона од #celebratelifepodcast. 

„Мирко беше гостин во 84-тата епизода, каде што со Indog имаа одличен разговор и тоа беше одличен повод за да ги вмрежат своите винили. Ако не ја слушнавте таа епизода, кликнете овде. Петатта сезона на #celebratelifepodcast продолжува со интересни разговори и луѓе од различни области. Утринското АМ шоу и програмата во живо (понеделник 10:00; на радио МОФ)“, се вели во описот за настанот. 

Винил сесијата ќе започне во 21:30 часот.

#celebratelifepodcast започна во екот на пандемијата во 2020, а од лани е дел од првото интернет-радио кај нас, „Радио МОФ“ каде што им се дава друга димензија на понеделниците со „АМ шоу“, а мотото е: „Само нежно кон себе во понеделник“.

„Indog се обидува понеделничките утра на сите да ни се малку поинакви. И се според слушателите и реакциите што ни ги пишуваат. Иако се зборува за темите што секогаш и биле присутни во #celebratelifepodcast околу се` што не` опкружува… Градскиот живот, човековите права, кул луѓе, нови начини на размислување, прогресивен мајндсет, човештво и хуманост… музиката има огромна улога во овие утрински емисии, покрај рефлексијата на градот во утрата кога Indog оди накај радиото. Предизвик е себеси си поинаку да го доживуваме градот секој понеделник“, се вели во описот за емисијата.