Вилинските коњчиња ја губат својата боја поради климатските промени

Нова студија објавена во Зборникот на трудови на Националната академија на науките на САД покажува дека вилинските коњчиња ги губат клучните карактеристики поради климатските промени.

Студијата тврди дека глобалното затоплување предизвикува губење на бојата кај машките вилински коњчиња, карактеристика што се користи за привлекување партнерки, пренесува Inhabitat.

Студијата беше предводена од Мајкл Мур, еволутивен биолог на Универзитетот на Вашингтон во Сент Луис. Во студијата, истражувачите анализирале над 300 видови вилински коњчиња од САД, Канада и Мексико. Тие, исто така, вкрстено ги истражувале боите на крилата помеѓу 2.700 индивидуални вилински коњчиња од различни локации и клими. Откриено е дека машките вилински коњи ги губат боите на крилјата поради зголемувањето на глобалните температури.

„Нашите истражувања покажуваат дека мажјаците и женките од овие видови на вилински коњчиња ќе се сменат на прилично различни начини со промена на климата“, рече Мур во едно интервју.

„Овие промени ќе се случат веројатно во многу побрза временска рамка отколку што се случиле еволутивните промени кај овие видови порано“.

Различна студија направена во 2019 година покажа дека на машките вилински коњчиња со потемни нијанси на крилја им годат поладни услови. Потемната пигментација апсорбира повеќе топлина и веројатно ќе им ја зголеми телесната температура за 2 Целзиусови степени. Спротивно на тоа, тие имаат тенденција да им се осветли бојата за да се прилагодат на повисоките температури.

„Еволутивните промени и бојата на крилјата се навистина постојан начин на кој вилинските коњчиња се прилагодуваат на нивната клима“, рече Мур.

„Ова нè натера да се прашуваме каква може да биде улогата на еволутивните промени во бојата на крилјата кога вилинските коњчиња реагираат на порастот на глобалните температури“.

Иако студијата предизвикува сериозна загриженост во врска со иднината на вилински коњчиња и нивното парење, истражувачите не се во можност да ги објаснат промените што ги доживеале женските вилински коњчиња.

Според Мур, женските вилински коњчиња обично не покажуваат драстични промени поради климата, а кога ќе се појават, тоа е спротивно на она што им се случува на машките вилински коњчиња. Со други зборови, женските вилински коњчиња може да станат потемни со зголемувањето на температурите.

„Сè уште не знаеме што ги поттикнува овие еволутивни промени во бојата на женското крило“, рече Мур.

„Но, една од многуте важни работи што укажува на ова е дека не треба да претпоставуваме дека мажите и жените ќе одговорат на климатските услови на ист начин“.