Учениците од ценетата Балетска академија во Виенската државна опера биле охрабрувани да пушат за да ја контролираат својата тежина, открила истрагата, објави БиБиСи.
Специјална комисија ги испитува тврдењата дека академијата ја загрозила благосостојбата на учениците, со тоа што младите танчери биле изложени на груби тренинзи, вежбање и настапи.
Претседателката на Комисијата, Сузана Риндл Краускопф вели дека на учениците им се обраќале по нивните имиња и големината на облеката што ја носат.
„Јасно е дека децата и адолесцентите не се доволно заштитени од дискриминација, занемарување и негативни медицински ефекти“, се наведува во извештајот на комисијата. Исто така се додава дека дека тежината на тренинзите е „слабо контролирана“ и ја загрозува нивната благосостојба.
Како одговор, од државната опера во Виена велат дека веќе го намалиле бројот на настапи на студентите и дека ќе го проучат извештајот пред да дадат одговор.
Академијата, основана во 1771 година, е едно од најпрестижните балетски училишта во Европа. Многу од поранешните студенти на академијата танцуваат за компании како што се Кралскиот балет во Лондон и Американскиот балетски театар во Њу Јорк.
Скандалот се најде на насловните страници во април кога австрискиот весник „Фалтер“ објави истрага во која се тврди дека некои млади танчери биле физички повредени и изгребани, а други се соочувале со потсмев за нивниот физички изглед. Австрискиот министер за култура, Александар Шаленберг повика на итна акција за решавање на проблемот.