[Видео]На Час: Студирање во пандемија – колку сме спремни за новата академска година

Непосредно пред почетокот на новата академска година, во емисијата „На Час“, со претставници од два универзитети дискутираме за тоа колку високообразовните институции се подготвени за уште една година настава во пандемија.

Гости во емисијата се Ева Цветковска – претседателка на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Дона Петрова- претседателка на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, Љупче Кочоски – проректор за настава на УКЛО и професорот Петар Атанасов од УКИМ.