Видеоигра посветена на борбата на Леонардо ди Каприо да го освои „Оскарот“

Леонардо ди Каприо е номиниран пет пати за „Оскар“ и никогаш не успеа да ја добие наградата. Оваа година, тој е главен фаворит за освојување на титулата за најдобар актер за неговата улога во „Revenant“. Ова послужи како инспирација за анимациското студио „The Line“ кое создаде игра за да ја одбележи неговата борба со церемонијата за доделување награди. 

„Leo’s Red Carpet Rampage“ е 8-битна игра која го прикажува актерот како се обидува да ги претрчи сите на црвениот тепих за да ја фати својата награда. Некои од луѓето кои мора да ги помине се Мет Дејмон, Мајкл Фасбендер и Еди Редмајн.

Покрај неговите колеги актери, Лео мора да се бори со предизвиците од неговите филмови и други клучни моменти од неговата кариера. Во едно од нивоата, тој се сопнува од Лејди Гага на црвениот тепих. Во други нивоа пак, се бори со папараци, ледениот брег од „Titanic“, а се обидува и да го најде единствениот црн кандидат за „Оскар“, алудирајќи на контроверзиите поврзани со недостигот од разновидност оваа година.