Под слоганот „Има да се излезе!“ (Ima izać’!) точно напладне во Сараево започна првата Парада на гордоста која се одржува во Босна и Херцеговина.
На маршот за поголеми права на припадниците на ЛГБТИ заедницата учествуваат околу 500 граѓани кои поворката ја започнаа од „Вечниот оган“, во центарот на градот, а собирот ќе заврши пред зградата на парламентот на БиХ.
Покрај знамињата во боите на виножитото, на маршот се истакнати транспаренти со пораки како: „Ја следам религијата на љубовта“, „И улиците се наши“, „Ќе се забрани фашизмот“ и „Рака под рака од Сарајево до Бања Лука“, пренесе Радио Слободна Европа.
Маршот се одржува под големо полициско присуство. Според најавите, собирот го обезбедуваат 1.200 припадници на полицијата.
📍 Sarajevo, Bosnia and Herzegovina
A glimpse of today’s historic first Pride parade.#imaizać pic.twitter.com/nVCCxpLmq2
— Balkan Insight (@BalkanInsight) September 8, 2019
Пред почеток на парадата на гордоста во Сараево околу 200 граѓани се собраа на контра-собир на кој искажаа незадоволство од одржување на Прајдот. Ден претходно се одржа уште еден собир под називот „Ден на традиционалното семејство“