“Virtual Insanity” на британскиот бенд Jamiroquai беше еден од најголемите хитови на крајот на 90-те години. Покрај одличната музика, песната остана запаметена и по оригиналниот спот, во кој собата, мебелот и пејачот Jay Kay се движат на невообичаен начин, што беше иновативно во 1997.
Сега, на каналот на Youtube Musicless Musicvideos се појави верзија на спотот во кој ја нема музиката, а наместо неа се слушаат звуци од движењата на луѓето и предметите во спотот. Погледнете/слушнете ги резултатите:
![[Видео] „Virtual Insanity“ на Jamiroquai, без музика](http://www.radiomof.mk/radiomof_backend/wp-content/uploads/2014/01/virt-1.png)