[Видео] Трамп го пофали англискиот јазик на либерискиот претседател, официјалниот јазик на земјата

Претседателот на САД Доналд Трамп го пофали либерискиот претседател Џозеф Боакаи за неговото зборување англиски, за време на состанокот со неколку африкански лидери во Белата куќа, пренесува Би-Би-Си.

Трамп му рече на Боакаи дека зборува „одлично англиски“, прашувајќи каде одел на училиште.

Посетителот учтиво се насмеа, но не спомна дека англискиот е официјален јазик на Либерија. Трамп додаде дека на масата седат негови луѓе „кои не зборуваат англиски ни до пола толку добро“.

Најстарата република во Африка, Либерија, е основана во 1822 година од ослободени американски робови заради преселување на слободни црнци во Африка.