Студентите на Филозофскиот факултет во Белград, кои 15 дена ја блокираат оваа образовна институција, вчера се судрија со професор кој ги фотографираше еден по еден. Професорот Василије Гвозденовиќ, кој е продекан за финансии на факултетот, се појавил со фотоапарат во рацете и почнал да ги фотографира сите студенти по ред, пренесе А1ОН
До проблем дошло кога Управата на факултетот се подготвувала да одржи седница, па ги обвинила студентите дека поради блокадата не можат да влезат во амфитеатарот. Според студентите, таа блокада, всушност е само еден транспарент и столици на кои тие седеле, а во амфитеатарот можело да се влезе и со лифт, кој управата го исклучила.
Со оглед на тоа дека студентите не сакале да се поместат од влезот во амфитетарот, управата го повикала обезбедувањето, по што дошло до туркање.
По ова, се појавил професорот со фотоапаратот, кој одел од еден на друг студент и ги фотографирал. Еден од студентите ја ставил раката на блицот, по што професорот реагирал бурно, и почнал да вика „престанете да ме допирате“ по што заминал.
Студентите го блокираат факултетот откако Управата донесе одлука дека со 48 бодови може да се финансира студирањето на товар на државата, но преостанатите 12 бодови кои ги пренесуваат ќе мора сами да ги платат.
Студентите негодуваат и поради тоа што во четврта година која поради наставните предмети носи 72 бода, факултетот им дозволува да пријават максимум 70 бодови. Управата на факултетот пред неколку дена се закани дека ќе ги санкционира, односно дека ќе поднесува прекршочни и кривични пријави за студентите кои ја попречуваат наставата, тврдејќи дека повеќето нивни барања се исполнети.
Погледнете ги снимките на студентите од вчерашниот инцидент: