[Видео] Студентите го блокираат Филозофскиот факултет во Белград

[Видео] Студентите го блокираат Филозофскиот факултет во Белград

Група студенти вчеравечер (9 октомври) влегле во зградата на Филозофскиот факултет во Белград и одбиваат да ја напуштат се додека управата на факултетот не ги исполни нивните барања. Студентите, кои се нарекуваат „самоорганизирано студентско движење“, бараат намалување на цените на пријавување на испитите, едногодишно буџетско финансирање на апсолвентите, како и на студентите кои се запишале во 2006 да им биде дозволено да ги завршат студиите по програмата по која студирале.

[Видео] Студентите го блокираат Филозофскиот факултет во Белград

На зградата на факултетот се истакнати транспаренти: „Блокадата е во тек“, „Стоп на грабежот на студентите“, „Дојди на збор“, „Вие не не слушате, ние не ве пуштаме“ и „Извинете, колку чини буџетот?“. Група студенти се собрани пред влезот на Филозофскиот факултет, додека други групи се во предавалните, каде ја поминале ноќта.

Студентите велат дека и покрај нивните напори во изминатите недели, управата на факултетот не сакала да ги разгледа нивните барања, поради што биле принудени на блокада. Тие се жалат дека само една недела пред почетокот на академската година, управата донела нов ценовник, според кој пријавувањето испит чини 470 динари (околу 150 денари), иако тоа се прави електронски и притоа Факултетот нема трошоци.

Студентското движење го сними ова видео, во кое се објаснуваат причините за блокадата и се повикуваат сите студенти на „збор“ во амфитеатарот на факултетот вечерва (10 октомври).

Студентското незадоволство во Србија деновиве кулминира со протести по улиците, а студентските организации најавија целосна блокада на Белград и масовни демонтрации во понеделник (13 октомври), доколку властите не ги исполнат нивните барања.