[Видео] „Студентите за плурализам“ – документарен филм за студентското организирање

Со цел да се прикаже состојбата на студенткото организирање во Македонија и да поттикне размислување на темата, Младински образовен форум (МОФ) го изработи документарниот филм „Студентите за плурализам“.
Тој ги прикажува најзначајните акции и проблеми со кои се соочуваат студентите во Македонија, и ја отсликува потребата од демократско и плурално студентско организирање.

[Видео] „Студентите за плурализам“ - документарен филм за студентското организирање
Промоцијата на филмот се одвиваше на циклусот јавни дебати „Евтини студентски приказни“ на кои на неколку факултети студентите заедно со претставници на младински организации, студентски медиуми, новинари, студентскиот правобранител и претставници на СПУКМ дискутираа за студентското организирање.
Во филмот се вклучени ставовите и мислењата на:
Денко Малески – универзитетски професор
Гордана Силјановска – универзитетски професор
Билјана Ванковска – универзитетски професор
Марина Костова – уредник во „Вест”
Драган Милевски – активист во „Слободен Индекс”
Марија Мирчевска – координатор на програма за истражување, анализа и креирање на младински и образовни политики „Младински образовен форум”
Даниела Атанасова – основач на студентско списание „Излез”
Кире Арсовски – „Истражувачко друштво на студенти билолози”
Славица Тофиловска – „Истражувачко друштво на студенти билолози”
Бојан Недев – BEST

Продукцијата на документарниот филм е на НОВА ТВ.