Сараево е на врвот, а Скопје утринава беше на второто место во Европа на листата на градови со најзагаден воздух, врз основа на податоците собрани од веб-страницата „Ај Кју Ер“ (IQAir).
Според мерењата на домашните мерни станици, а рангирањето на швајцарската апликација „Ај Кју Ер“, индексот на загаденост во главниот град во 10 часот утрово достигна 154, што го стави во категоријата „нездрав воздух“.
Концентрацијата на ситни честички прашина во воздухот PM 2,5, кои продираат длабоко во белите дробови и можат трајно да го оштетат здравјето, во Скопје се вивна над препорачаните граници на Светската здравствена организација (СЗО).
Оваа состојба со отровен воздух е честа појава во зимските месеци, особено во периодите кога се случуваат температурни инверзии, што предизвикува магла да го покрие Скопската котлина, а честички од штетни материи да се акумулираат под неа.
Тоа може да се примети и по оваа нашe видео од Водно, под кое живее скоро пола Македонија.
View this post on Instagram
Видео: Исмет Шабановиќ


