Законот за младинско учество и младински политики, познат како Закон за млади, беше донесен во 2020 година. Тој предвиде обврски за институциите, за да им помогне на младите да бидат поактивни.
Сепак, до денес, законот слабо се спроведува. Недостасуваат механизми преку кои младите ќе се собираат и одлучуваат за своите потреби, било да се тоа за култура, образование или социјализација.
За да се надминат овие недостатоци, младински организации доставија предлог-измени до Собранието. Но, што е предложено со цел младите конечно да го добијат она што им следува? Што е муабетот со Законот за млади и кои се измените?
Погледнете во видеото кое го подготви Радио МОФ.
View this post on Instagram
Автори: Ангела Петкова и Бојан Шашевски
Визуелна изработка: Мајда Атанасовска