[Видео] Разбиваме митови за лица со попреченост

Слепите луѓе не сонуваат? Ако користиш инвалидска количка, тогаш ти треба постојана помош за извршување на секојдневните обврски? Немите лица не можат да си зборуваат во своите мисли?

Погледнете го третото, од кусиот серијал видеа на Радио МОФ за разбивање митови. Во него ги разбивме митовите за лица со попреченост со Ема Ананиевска, дипломирана пијанистка и лице со оштетен вид, Вангел Тркаљанов, несекојдневен корисник на инвалидска количка и Радмила Периќ, сопственик на кафулето О2 и глуво лице.