[Видео] R2D2 се вљубува во поштенско сандаче

Најпознатиот книжевен и филмски робот (дроид, да бидеме попрецизни), R2D2, и натаму е омилен лик, кој се појавува во сите епизоди на епската научно-фантастична сага Star Wars.

[Видео] R2D2 се вљубува во поштенско сандаче

Доказ за неговата популарност што трае е последниот краток филм на Evan Atherton, во кој R2D2 се обидува да ја најде љубовта на својот живот, во нашата галаксија. Филмот, кој за првпат е прикажан на фестивалот Sonoma изминатиот викенд, веќе достигна скоро 200.000 прегледи на Youtube, само два дена откако е поставен на видеосервисот. Делови од дроидот се изработени со 3Д-принтер, а на авторот Atherton му биле потребни речиси две години за да го направи овој филм.