[Видео] Првиот концерт на Guns n’ Roses по 23 години

Легендарниот рок бенд Guns n’ Roses одржа таен концерт на 1 април во Лос Анџелес, во концертната сала Трубадур. Иако тој датум е познат по шегите, концертот навистина се одржа.

Околу 500 среќни обожаватели успејаа да набават билети за интимното шоу, со кое бендот ја започна турнејата Not In This Lifetime. Камерите биле забранети, но еден од присутните успеал да документира дел од концертот.

Извор: Mashable