[Видео] „ПриРОДА“ – Мини набљудувачки документарец за бранителите на Дошница

„Сето ова се случува во сегашноста. Додека ние го живееме животот во некоја своја фантазија, тие ја уништуваат нашата земја, природата, Македонија. Со години се водат погубни политики и профитерски проекти каде што бенефит имаат само политичарите и тие поврзани со нов. Еден од тие проблеми е и изградбата на 2 мали хидроцентрали на реката Дошница“, пишува за својот мини документарец Мето, кој го објави своето видео преку Јутјуб.

Како што објаснува, видеото се случувало во 2 дена, но тие, како што вели – херои се повеќе од 50 дена на блокада и ја бранат животната средина.

„Првичната цел ми беше да отидам таму и да дадам поддршка, бидејќи стварно не ми е сеедно. Не можам да гледам како единственото место за живеење ни го убиваат само за да стигнат до повеќе богатство. Се надевам дека ќе ви се допадне, прв проект ми е со ваква содржина и отворен сум на секакви критики. Да живее природата. Да живее Македонија“, нагласува Мето во соопштението за видеото.