[Видео] Пожар во фабрика за пиротехника во Русија предизвика голем огномет

Верижна реакција и силна експлозија на петарди и други пиротехнички средства беше предизвикана вчера во рускиот град Ростов на Дон, откако пожар избувна во трговскиот павилјон со пиротехнички средства и зафати површина од 1.500 метри квадратни, пренесува „Н1“.

Според информациите на Министерството за вонредни состојби пожарот кој избил утрото бил локализиран околу 13 часот и 30 минути по локално време.

Во неговото гаснење учествувале повеќе од 400 пожарникари.

Владимир Устин од ресорното министерство посочи дека пожарот бил предизвикан од кус спој на жици.