Во епизодата „Поделени трибини, обединети на терен“ спортскиот новинар Никола Станикиевски и македонската фудбалска легенда Артим Шаќири, разговараат за професионалните спортисти, нивното искуство во клубови со навивачки групи кои имаат изразена националистичка позадина и нивната улога во креирање на меѓуетнички тензии.
Разговорот ја истражува атмосферата помеѓу професионалните играчи од различни етнички заедници во клубови со таква навивачка култура, како и атмосферата и односот помеѓу професионалните спортисти кога ги бранат боите на македонската репрезентација.
Дали професионализмот и љубовта кон спортот, што значи и секогаш да се бориш за победа на својот тим, се издигнуваат над поделбите или атмосферата од трибините и политиката неизбежно се прелева на теренот?
Ова е четврта епизода од видеокаст серијалот „Балкански Перспективи“, изработена во рамки на соработката помеѓу Радио МОФ и Pro Peace.



