[Видео] Пет начини како да препознаете лажни вести

Прво, обрнете внимание на насловот. Замислете се и секогаш вклучете црвен аларм кога ќе видете дека во насловот има тенденција кај вас да се предизвика чувство на страв, паника, вознемиреност. Ова е првиот чекор што го препорачува Александра Теменугова од Инстиутот за комуникациски студии во процесот на препознавање лажни вести во видеото на МИА.

Таа во разговор за МИА ги појаснува начините, на кои граѓаните може да препознаат лажни вести, чија продукција особено се зголемува во период на поважни политички случувања, во моментов кај нас во пресрет на вториот круг од претседателските избори.