[Видео] Новиот спот на H.O.S.H.

[Видео] Новиот спот на H.O.S.H.

Ветеранот на хаус и техно сцената, H.O.S.H. го промовира новото видео, за песната „Dancer“, која овие денови е актуелна низ европските клубови. Продуцентот и диџеј од Хамбург, кој е меѓу најзаслужните за успехот и растот на издавачката куќа „Diynamic“, покрај музичкиот талент, има и одлично чувство за естетика, што се гледа и во овој негов спот. Видеото е режирано од Markus Hasser, a во главната улога – девојката која сонува да стане танчерка, е Melisa Oneil.  Траката е дел од последното издание на H.O.S.H., „Forever Young“, кое излезе на 16 септември.