[Видео] „Навали народе, јаболки со вкус на арсен, кромид со вкус на линдан!“ 

Активистката Тина и студентот Томо не запираат да алармираат за загадувањето на животната средина.

Изнајмија тезга на пазар за да укажат дека загадувачите на почвата завршуваат на нашите трпези, се натпреваруваа во „Шишелов” – ловење шишиња од Вардар и организираа герила-акција за отстранување од сообраќајот на возилата кои не ги исполнуваат еко-стандардите.

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.