[Видео] Напред Вардар

Концептот за заеднички добра или commons се залага за тоа дека некои форми на добра и ресурси ни припаѓаат на сите на и тие мора да бидат активно штитени и управувани за добробитта на сите. Регулацијата на коритото на реката Вардар е од особено важење за жителите на Скопје и оние кои поминуваат време во овој град, се вели во истражувачката видео стоија „Напред Вардар“, конципирана од „Плоштад Слобода“.

Од една страна, соопштуваат од „Плоштад Слобода“, регулацијата на Вардар е заедничката придобивка – заштита при природни непогоди, зголемување на нивото на водите. Од друга страна, пак, регулацијата овозможи и урбанистичко уредување на просторот во социјален јавен простор, нешто што, велат тие, особено го промени социјалниот живот на граѓаните.

„Денес, целата приказна околу регулацијата во централното подрачје е заборавена и наместо тоа имаме секакви структури и објекти втемелени во реката кои ја загрозуваат безбедноста на цел овој потег! Ова е повик за итно ревидирање на овој зафат од ‘Скопје 2014’ и што побрзо враќање на теренот во првобитна состојба“, повикуваат активистите.

Инаку, сторијата „Напред Вардар“ е дел од три такви стории концепирани од „Плоштад Слобода“, продуцирани од „Кадар“, а со поддршка од Фондацијата Хајнрих Бол.

„Проектот поставува прашања за состојбата со заедничките добра во Македонија.Тој укажува на горливи инфраструктурни и теми од областа на животната средина и просторното планирање кои македонското општество што поскоро треба да ги регулира“, стои како објаснување за сторијата.