[Видео] Младите го оживуваат спортскиот центар во Тетово

Членовите на Медиа/Арт клубот на Младински образовен форум од Тетово викендов ја продолжија акцијата за „оживување“ на спортскиот центар. Тие ја бојадисуваа спортската инфраструктура и преку транспаренти упатија порака до надлежните институции за итна реконструкција на спортскиот центар.

Локална акција

Своите подготовки, желби и целата акција ја документираа и во кратко видео за настанот. Погледнете како со малку желба и труд, овие млади луѓе ја подобруваат својата средина најавувајќи дека ваквите акции ќе продолжат со поголем интензитет.