Интернационалната организација за заштита на животни OIPA, чиј член е и здружението „Анималиа“, згрозена од условите во ЗОО Битола и третманот на животните во неа, бара „затворање на ова мачилиште за животни“.
„Последен пат наши волонтери беа таму кога носевме повреден лебед да биде лекуван од тамошниот ветеринар, за да после недела не` информираат дека биднал задавен од лисица. Видно се истревоживме од глетката како животните се мачат во таа за нив неприродна средина“, обвинуваат од Аномалиа.
Тие апелираат надлежните да преземат соодветни мерки за „ова мачилиште за животни да замине во историјата како здание кое синоним на нечувственост и неморал претставува, ништо повеќе ни помалку од тоа“.