[Видео] ЛГБТ луѓе реагираат на секојдневниот говор на омраза упатен кон нив

„Ако беше мое дете и станеше геј, жив/а ќе те запалев“. Ова е само една од пораките кои секојдневно се упатуваат кон ЛГБТ заедницата.

Да се седи пред компјутер и да се напише порака, коментар или мејл со говор на омраза до организаторите на Парадата на гордоста во Торонто е лесно. Обично, ваквите пораки доаѓаат од анонимни луѓе, кои не веруваат во мисијата. Но, кога овие зборови ќе се прочитаат на глас, како во видеото подолу, открива како омразата може да повреди.

Во продолжение, погледнете го видеото, кое го подготви „Торонто стар“, најголемиот дневен весник во Канада, а во кое учесници на Парадата на гордоста реагираат на говорот на омраза.