[Видео] Кусиот филм од кој настана „Whiplash“ се појави на интернет

Оригиналниот краток филм на режисерот и сценарист Damien Chazelle, од кој подоцна настана филмот Whiplash, е достапен за гледање на интернет.

Chazelle го направил 18-минутниот краток филм во обид да привлече инвеститори за неговиот филм Whiplash, кој излезе минатата година. Кусата верзија учествуваше на фестивалот Sundance лани, доби одлични критики и му помогна на режисерот да обезбеди 3.3 милиони долари за снимање на целовечерната верзија на филмот.

Во краткиот филм, кој може да го погледнете подолу, J.K. Simmons се појавува во улогата на строгиот џез-инструктор Dr Terence Fletcher, изведба за која пред две недели беше награден со „Оскар“ за најдобра споредна улога. Наспроти него, во главната улога се појавува Johnny Simmons, кој е роднина на оскаровецот. Miles Teller ја презеде улогата на студентот Andrew Neiman во филмот „Whiplash“, кој освои вкупно три награди „Оскар“.