Членовите на програмата Учиме право при Младинскиот образовен форум симулираа судење за случај со дискриминација во образовен процес.
Настанот имаше за цел да ја запознае јавноста, а особено младите, со дискриминацијата – во овој случај онаа која се случува врз основа на попреченост во развојот. Преку симулацијата присутните можеа да се запознаат со парничната постапка, нејзиниот тек, и нејзината функција како механизам за заштита од дискриминација.
Симулацијата е дел од проектот „Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите“ поддржан од страна на Британската амбасада во Македонија. Симулацијата ќе ја изведат средношколци, членови на Учиме право програмата на Младински образовен форум.