[Видео] Како да се обои Боинг 777 во две минути?

Aвиокомпанијатa Емирати подготви двеминутно видео во кое покажува како изгледа „освежувањето“ на еден Боинг 777. Инаку целиот процес на боење трае две недели, непрекинато 24 часа на ден. Видеото во кое компанијата покажува како се менува бојата на авионот, бесплатно се дели на патниците.

[Видео] Како да се обои Боинг 777 во две минути?

Авиокомпанијата има најголем хангар за боење авиони, со големина на два фудбалски стадиони, а на секој Боинг 777 работи тим од 30 луѓе.

„Не се работи само за разубавување на авионот. Бојата мора да издржи екстремни временски услови, и ако слојот боја е поставен правилно, тогаш ја подобрува аеродинамиката и штеди гориво”, велат од „Емирати“.