[Видео] Јасно и гласно: Урбани проблеми и транспортна мобилност во Скопје

Во оваа епизода од емисијата „Јасно и Гласно“ разговараме за урбаната мобилност и транспортните проблеми со кои се соочува Скопје и дискутираме за решенијата преку кои главниот град може да се трансформира во похумана, побезбедна и позелена средина за граѓаните.

Гости во студиото на Радио МОФ се Снежана Домазетоска од НаТочак, Александар Лазовски од Смарт-АП Лабораторија за социјални иновации и Никола Наумоски, од Град Скопје.