[Видео] Иван Новак: Македонија и Северна Кореја се доста слични земји

Иван Новак, еден од основачите на рок групата Лајбах, на ENGAGE 2017 зборуваше за искуството што го стекнале за време на нивниот осумдневен престој во главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг. Лајбах е првата рок група од Западот што некогаш настапувала во оваа држава.

Новак во својата презентација вели дека Македонија и Северна Кореја се доста слични земји. За тамошните луѓе вели дека се добар народ, но дека претежно кажувале само површни информации, за тоа како нивната држвата и лидер се најдобри. Исто така, Новак посочи дека и во Северна Кореја изобилува од нови градби.

За време на обраќањето прикажа дел од документарниот филм насловен „Ден на ослободувањето“, во режија на норвешкиот уметник и активист Мортен Траавик, кој го сними за време на нивниот престој во Северна Кореја.

Целиот говор на Писарев на ENGAGE 2017, конференцијата за друштвена активизам, погледнете ја во видеото во продолжение: