[Видео] Илјада музичари ја свират Seven Nation Army на White Stripes

Rockin’ 1000, италијанската музичка група која стана позната по преработката на Learn to Fly на Foo Fighters, сега ја преработија и познатата песна на White Stripes, Seven Nation Army.

Музичарите неодамна се собрале во Орогел стадионот во Чезена, Италија, за да ја отсвират својата верзија на хитот, кој неодамна стана и фудбалска химна на финалето на Европското првенство во фудбал во Франција.

Групата составена од 1000 италијански музичари беше формирана за да ја отсвири Learn to Fly, како начин да ги натераат Foo Fighters да свират во нивниот град. Бендот одржа концерт во градот минатиот ноември, а Rockin 1000 им се придружија на сцената за да ја исполнат истата песна.