[Видео] Џон Оливер за безбедноста и енкрипцијата на интернет

Во последната епизода од шоуто на Џон Оливер, темата е енкрипцијата на конекциите, безбедноста на интернет и ризиците од користењето модерни, поврзани електронски направи. Изминатите неколку недели, оваа тема беше особено актуелна во САД, по случајот во кој ФБИ преку судот бараше од технолошкиот гигант „Епл“ да ја „отклучи“ енкрипцијата на „Ајфонот“ на осомничен трговец со дрога. Судот го одби ова барање. Паралелно со ова, полицијата бараше од „Епл“ да ја отвори енкрипцијата и на телефонот на Сајед Фарук, еден од напаѓачите од терористичкот чин во Сан Бернандино. „Свиркачот“ Едвард Сноуден, пак, изјави дека ФБИ лаже дека не може да го отклучи телефонот.