[Видео] Двата чатали вперени кон Собрание, Шарената револуција го бои Скопје

И денеска Собранието беше цел на Шарената револуција. Претходно обоена беше и Влада, а црвена стана и водата на фонтаната Воинот на коњ, среде Плоштад Македонија.

Во своето обраќање од бината пред Собрание, непосредно пред боењето на законодавниот дом, се обратија активистката Јасмина Дуриќ и Оливер Спасовски од СДСМ, неодамнешниот министер на МВР.

„Не ми е јасно како може Никола и Али Ахмети да не знаат дека е дојден крајот. Затоа сме тука да им кажеме, заврши патот Никола, готово е. Сега народот се разбуди и нема враќање назад“, рече Спасовски.

Дуриќ пак ги повтори барањата на Шарената револуција и укажа на опасноста од режимот.

„ Моите колеги избегнуваа да се сретнат со мене бидејќи знаат дека е долга раката на ржимот и ќе ги казни. Протестирам против аболицијата на криминалната правда, протестирам за правда во Македонија“, рече таа.

Протестот започна во 18 часот пред СЈО и продолжи со боење на Владата.

Демонстрантите потоа поминаа покрај Народната канцеларија на Преседателот и низ Плоштадот, за да стигнат до Собрание. Денеска со нив заедно маршираше и неодамнешната амбасадорка на Холандија во Македонија.

„Јас сакам да застанам до македонскиот народ бидејќи верувам во нив и нивната моќ“, рече Филипини во кратката изјава за Радио МОФ.

Ова е осма седмица од почетокот на протестите кои се организираат секојдневно во Скопје и Македонија. Протестите започнаа во април, по одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да ги помилува сите политичари за кои СЈО води постапки.

Протестирам имаат седум барања како оставка на Иванов и поништување на аболицијата, вклучување граѓански претставници во преговорите за излез од кризата, формирање преодна влада се до создавање услови за спроведување фер и демократски избори. Досега е исполнето само едно барање за одложување на изборите од 5 јуни.

Инаку денеска напладне демонстранти од Шарената револуција блокираа неколку раскрсници низ Скопје, со што го стопираа сообраќајот во централното градско подрачје. Тие најавија дека ваквите паралелно со протестите, и ваквите акции ќе продолжат во следните денови.