[Видео] Документарец на Нетфликс го експонира подземјето на трговија со слонова коска

„The Ivory Game“ е најновиот документарец на Нетфликс, во кој Леонардо Ди Каприо е запишан како извршен продуцент, а ги прикажува мрежите за илегална трговија со слонова коска.

Индустријата се заканува дека засекогаш ќе ги „избрише“ Африканските слонови, бидејќи трговците убиваат сѐ повеќе слонови за нивните заби и коски.

Трговците со слонова коска имаат убиено околу 100000 африкански слонови меѓу 2010 и 2012 година – што од прилика значи дека се убива еден слон на секои 15 минути, проценува Програмата за заштита на средината на Обединетите нации.

„The Ivory Game“ премиерно ќе се прикажува во кино салите и на сервисот за „стримање“ Нетфликс од 4 ноември.

Режисерите Ричард Ладкани и Киф Дејвидсон поминале 16 месеци, снимајќи притаено во три држави, со помошта на експерти за надгледување, активисти за дивина и ренџери на фронтот.

Екипата ги следела ловците низ Африка, како и криумчарите на нивниот пат до Азија. Филмот ги експонира и продавачите на коски во Кина, најголемиот пазар за слонова коска на светот.