[Видео] Дали килограмите се причина за дискриминација?

Во светот на модата Elly Mayday, Laura Wells и Kerosene Deluxe се разликуваат од своите супер слаби колешки. Тие се „plus-size“ модели и поради оваа причина станаа тема на документарецот „A Perfect 14″. Филмот ги прати овие девојки и нивната борба да изградат име во индустријата на модата во која доминираат строгите стандарди за убавина, чија продукција е на канадските автори James Early O’Brien и Giovanna Morales Vargas.

[Видео] Дали килограмите се причина за дискриминација?

Во филмот девојките зборуваат за своите искуства во модната индустрија и дискриминацијата со која се среќавале поради својата тежина, но авторите покрај со нив, разговараат и со луѓето од модните агенции, фотографите, дизајнерите кои раскажуваат за перцепцијата на телото во јавноста и за она што се смета за убаво.

Опишана како една од најпопуларните „пополнети“ модели во Канада, Elly Mayday ја раскажала својата животна приказна и моментот кога на само 25 години дознава дека има рак. Сепак, успеала да ја победи болеста и потоа потпишува договор со најголемата њујоркшка агенција. Во најавата за филмот таа се потсетува како низ животот четопати се чувствувала лошо поради коментарите за нејзиното тело се додека не ја прифатила својата фигура.

Од друга страна пак Laura Wells, бујната бринета од Австралија која „Plus Model Magazine“ ја прогласи за жена на годината, зборува за борбата за се прифати себе си со оглед на тоа што не ги задоволувала „нормите“, додека Kerosene Deluxea ја поделила приказната за слоставувањето во училиште.

„ Килограмите се повод за последната прифатлива верзија на дискриминација“ е пораката која авторите сакаат да ја испратат со документарниот филм и да покренат расправа за стандардите за убавината“ пишува Дејли мејл.