[Видео] Арсеновиот пат од бунар до чешма

Граѓанска иницијатива „АРСЕНА“ и Здружение на граѓани „ПАТОКАЗИ“ – Гевгелија во рамките на проектниот ангажман за обезбедување здрава и чиста вода за Гевгелија и населените места го објавија документарниот филм „Арсеновиот пат од бунар до чешма“.

Во филмот се користени документирани материјали од теренските акции на „АРСЕНА“, изјави на граѓани корисници на водоснабдителниот систем од Гевгелија, Богородица и Моин, резултати од анализи на примерок вода од гевгелискиот водовод извршени во лабораторијата на ЈЗУ „Институт за јавно здравје на РМ“ и анализи од меѓународна лиценцирана лабораторија од Солун, Република Грција, како и научни сознанија од областа на арсенот и влијанието врз човековото здравје од СЗО и Научната Академија на САД.

„Изминаа точно три години и десет месеци од забраната за употреба на водата од бунарите кај Моин со кои се снабдува Гевгелија. Локалната власт, јавното комунално претпријатие и надлежните државни тела молчат или го негираат проблемот со арсенот во гевгелиската вода. Дали се граѓаните безбедни?“, велат организациите.