[Видео] Андреј Жерновски да се качи на точак и да биде пример за останатите општини

„Од неговиот дом во Мал Ринг до бараките на Општината во Дебар Маало има 2,2 километри, Жерновски може да биде на работа за 10 минути, ако го јавне својот точак. Тогаш зошто Андреј не оди на работа со точак?“, се вели во новото видео од иницијативата „Ај да те видам“, овој пат со вниманието свртено кон градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски.

Неколку велосипедисти се обидоа да му покажат колку е тоа лесно, па го предизвикаа да се качи на точак и да биде пример за останатите општини.

Претходно, иницијативата објави две видеа со кои ги предизвикаа градоначалниците на Град Скопје Коце Трајановски и на Општина Карпош Стевче Јакимовски да се качат на велосипед и да ги согледаат лошите услови со кои секојдневно се среќават велосипедистите.