[Видео] Зошто Коце Трајановски потроши 800 000 евра за вело-патека, а не ја користи?

Второто видео на иницијативата „Ај да те видам“ е посветено на градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски. Тие го прашуваат, зошто тој потроши 800 000 евра за вело-патека од својот дом во Автокоманда, до бараките на Град Скопје, кај Градскиот парк, а сепак не ја користи? Вело-активистите го предизвикуваат Трајановски да се качи на велосипед и да види како е да се вози низ главниот град.

Ова е второ видео во кое неколку велосипедисти се обидуваат да ги посочат лошите услови, со кои секојдневно се среќават. Претходно, сличен предизвик беше упатен и до градоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски.