Познатиот француски шегобиец Remi Gaillard повторно е актуелен и контроверзен – во својата последна „акција“, облечен како ут, тој подготви непријатно „изненадување“ за двајца француски полицајци. Полицијата во Франција, инаку, добро е запознаена со „ликот и делото“ на Gaillard, кој повеќепати бил приведуван за слични егзибиции. Видеото, кое тој го постави на својот канал на Youtube вчера, веќе го погледнале преку 800.000 луѓе.