[Видео] Адеми: Владата не се откажува од државниот испит

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, во синоќешното гостување во емисијата „360“ на Алсат М телевизија изјави дека нема да им се извини на студентите, а Владата нема да се повлече од идејата да се воведе државен испит на сите универзитети во државата.

Во разговoрот, тој спомна дека не сака да ги етикетира студентите како припадници на политички партии, иако претходно низ медиумите тој коментираше дека во позадина на студентскиот марш можно е да има политички структури.