Вечерва се доделуваат Оскарите – „Грешници“ и „Една битка по друга“ главни фаворити

96-тата церемонија на доделување на „Оскарите“, најпрестижните награди во филмската индустрија, ќе се одржи вечерва на полноќ. Меѓу главните фаворити за најдобар филм се „Грешници“ на Рајан Куглер со рекордни 16 номинации и „Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон со 13 номинации. Двата филма се истакнуваат со силна социјална критика и впечатливи актерски остварувања. Иако „Една битка по друга“ важеше за фаворит на почетокот од сезоната на награди, останува да се види дали „Грешници“ ќе ја оправда доминацијата со номинациите.

Меѓу другите кандидати за најдобар филм се „Сентиментална вредност“, „Врвниот Марти“, „Хамнет“ и „Бугонија“, кои се номинирани и во категории за режија и сценарио.

Во трката за најдобра женска главна улога фаворит е Џеси Бакли за улогата во „Хамнет“, каде ја толкува сопругата на Вилијам Шекспир. Конкуренција ѝ се Роуз Бирн, добитничка на „Златен глобус“ за „Ако имав нозе, ќе те шутнев“, и Рената Рејнсве за „Сентиментална вредност“.

Категоријата за најдобра машка главна улога е најнеизвесна. Тимоте Шаламе освои неколку награди, но Роберт Арамајо, Мајкл Б. Џордан и Вагнер Моура, исто така, се меѓу сериозните кандидати.

За најдобра режија се номинирани Клое Жао, Џош Сафди, Пол Томас Андерсон, Јоаким Триер и Рајан Куглер.