Вечер на француска музика со студентите од Факултетот за музичка уметност

Вечер на француска музика со студентите од Факултетот за музичка уметностВо среда (27 ноември) ќе се одржи Концертот на Француската музика на кој ќе настапат студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Концертот ќе се одржи во Концертна сала на ФМУ со почеток в0 19 часот.Студентите ќе изведат дела од Дебиси, Шасон, Мило, Дебиси, Гуно.

На него ќе настапат Анастасија Грговска – пијано, квартет флејти „Аулос“ (Марија Јакимовска, Ангелина Катмерова, Билјана Камчева, Александра Тевдовска), Јована Трајчева – пијано, Ангелка Гајтановска – сопран, Стефан Волчевски – гитара, Ѓорѓе Ќириќ – хармоника, квартет гитари (Стефан Волчевски, Оскар Ерес, Виктор Песцеров, Тошо Јуца/ Стефан Јавоновиќ), Бојан Илковски – виолина, Теодора Божиновска – мецосопран, Горјана Стојановска – пијано, Симон Поповски – виолина, Стефани Стефановска и Доменика Робе, Дејан Стојановиќ – удиралки.

Влезот за концертот е бесплатен. Програмата може да ја преземете овде.